Press "Enter" to skip to content

Духовна академија во чест и слава на Свети Нектариј Битолски (фотогалерија)

Вечерва се одржа Духовна трпеза на небото и земјата во чест на Вашиот и наш Свети Нектариј Битолски, а утре богослужба и литија.Вечерва во пресрет на празникот во чест на Свети Нектариј Битолски, заштитникот на Битола, се одржа Духовна академија насловена “Божествен Нектар“ во салата на Народниот театар на која присуствуваа Владиката Петар, градоначалникот на Битола- Наташа Петровска, Високо пречесни, пречесни и преподобни отци и сестри, возљубени гости, почитувачи на делото на нашиот и ваш Св. Нектариј Битолски.Духовната академија започна со изведба на Тропар на Свети Нектариј во изведба на малата Нектарија Илиевска, а потоа присутните ги поздрави градоначалничката на Битола и ја отвори оваа радостотворна Духовна академија.-Ако сакаме да гледаме со надеж, ако сакаме да гледаме поинаку тогаш мора да тргнеме од себе, да побараме љубов внатре во себеси да ја извадиме од себеси, а љубовта која некој друг ја дарува да ја гледаме како вредност. Само така можеме да имаме надеж за нашата утрешнина. Нека нашиот заштитник Свети Нектариј Битолски не води токму по таа патека, патека по која ќе пливаме по љубов, ќе засадуваме љубов и ќе ја дуруваме на тој до нас, на нашиот комшија, пријател. Секој нов ден, нека биде ден во кој ќе се облечеме во рувото на љубовта и љубов ќе даруваме, рече градоначалникот на Битола- Наташа Петровска.

Владиката Петар се осврна на животот на Свети Нектариј кој ја напуштил Битола, за повеќе да мисли за неа и да се моли за Битола и нагласи:-Химната односно тропарот за Свети Нектариј Битолски е најкраткиот опис на неговиот живот на кој му се восхитуваме, кој како дете се определил за живот постевен на Бога и додаде:-Но, не треба да чекаме и да му се молиме на Свети Нектариј Битолски тој да се моли за нас, туку треба да учествуваме со нашиот живот кон нашето спасение, а имаме пример на кој да се огледаме, а тоа нашиот заштитник, на кој Господ му ја дал таа слава да биде спасител. Нему секогаш треба да му се молиме, а не само која ќе имаме проблем.На вечерново духовно торжество, небесна радост на присутните им приредија Византискиот хор “Св. Ахил Преспански со кој диригираше ѓакон Константин Сековски, женскиот црковен хор “Св. Макрина“ со диригентот Мери Чекуткова и византискиот хот “Св. Нектариј Битолски“ со кој диригираше м-р Игор Гулевски.Утре ќе се одржи литијата по улиците на Битола, а претходно ќе има богослужба во црквата „Св. Димитрија“.

More from БитолаMore posts in Битола »