Основното училиште “Браќа Миладиновци“ од село Добрушево е дел од Еразмус + проектот насловен “Полесно учам со моето милениче“ кој го спроведува заедно со партнер училиштата од Италија, Унгарија, Турција и Хрватска.
-Станува збор за проект чија што цел е да се подобрат способностите за учење кај учениците кои што имаат потешкотии при учењето со помош на домашни миленици. Воедно и да ја поттикнат и развијат нивната самодоверба како и полесното совладување на училишниот материјал. Ова е еден од ретките проекти кој се случил на наша територија токму со употреба да животни во наставниот процес. Досега се одржани три мобилности и еден транснационален состанок. На тие мобилности наставниците имаа можност да се запознаат со самиот процес на употреба на животните како еден вид на помагало во совладувањето на наставниот материјал, беа дел од многу активности како посета на ветеринарна болница, изработки и запознавање со различни методи и техники при употребата на домашните миленици во текот на часот, посета на пет шопови, начини како учениците да се грижат за миленичето и слично, вели еден од координаторите, вели директорот Македонка Соклевска.
-Инаку, досега во рамките на проектот се случи размена и дружба на нашите ученици со учениците од Италија и Унгарија преку интересни Скајп средби на кои што учениците се запознаа со нивните врсници и споделија дел од нивните активности. Токму преку овие мобилности наставниците добиваат на искуство, се запознаваат со културите на другите народи, учествуваат во заеднички активности, разменуваат различни видови на техники и методи и слично, додава наставникот Јасминка Мирческа.
-Ова училиште е единственото училиште од рурална средина кое веќе работи на два Еразмус+ проекти. Вториот е проект со име “Волшебна математика“, каде што покрај нашето училиште партнер земји се и Кипар, Грција, Шпанија, Северна Ирска и Турција. Станува збор за проект чија што цел е да ја доближи математиката кон децата на еден поинтересен начин без тие да имаат предрасуди дека математиката е еден од најтешките предмети, додава координаторот наставникот, Пеце Кочовски.

ОУ “Браќа Миладиновци“ од Добрушево единственото училиште од рурална средина во Еразмус+ проекти (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Светскиот ден на слободата на медиумите обележан со крводарителска акција во неколку града во Македонија
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- СВР Битола: управувал возило иако имала забрана, приведување за дрога





