Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос,
си го осветлил карејскиот скит,
те воспита градот Битола,
оче наш Нектарие.
Просветли ги сите
што со љубов те чествуваат
и непрестано моли се за сите нас.
Слава Му на Христа,
Кој те прославил,
слава Му што те облагодатил,
слава Му на Оној
што преку тебе
ни даде нам исцеление.






