На 19.12.2018 година во 00,05 часот на патниот правец Битола – Прилеп, пред клучка „Могила“ се случила сообраќајна незгода со превртување на возило.
Дваесет и едногодишниот припечанец со иницијали М.Н. управувајќи патничко моторно возило „Тико“ со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и тоа се превртело .
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.






