Менаџерскиот тим на Битолската млекарница заедно со вработените денес ја традиција за одбележување на својата слава, Свети Никола, а на пригодната свеченост присустуваа и голем број на гости.
На сченоста по повод денот на Свети Никола, која се одржа во просториите на Млекара АД Битола присуствуваше градоначалникот на Битола – Наташа Петровска, претседателот на Советот на општина Битола – Валентин Груевски, деловни партнери, соработници, претставници од факултетот за биотехнички науки и други гости.
Домаќин на одбележувањето на Свети Никола беше Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Млекара АД Битола, заедно со својот менаџерски тим.
Генералниот директор Ѓорѓи Петрушев, во своето обраќање ги поздрави присутните и го претстави својот старо-нов менаџерски тим со кој рече ќе продолжат да работат Млекара АД Битола да биде на врвот на млекарската индустрија во Македонија.
[ngg src=”galleries” ids=”239″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”imagedate”]






