Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец се расправал во Скопје, скопјанец навредувал полицајци во Битола

Вчера во 08,00 часот било пријавено дека на булевар “Кочо Рацин“ во Скопје по претходно недоразбирање и расправија околу сообраќајот бил нарушен јавниот ред и мир од А.Т. (33) од Битола од една страна и И.Д. (29) и Д.Д.(33) од Скопје од друга страна. По преземени мерки од страна на полициски службеници, поднесени се сооветни поднесоци.

На ден 19 декември во 21.40 часот во просториите на студентски дом “Кочо Рацин“ во Битола, при превземање на службено дејствие  проверка на идентитет на лицето Ф.Ј. (23)од Скопје, истиот започнал да ги навредува полициските службеници при што започнал агресивно да се однесува и е приведен во Полициска станица Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »