Press "Enter" to skip to content

Ски-патеката “Нижеполе“ подготвена и со ново осветлување ги очекува скијачите и рекреативците (фото)

Ски-центарот “Нижо Поле“ со кој стопанисува јавното претријатие “Стрежево“ е подготвен за претстојната скијачка сезона, и ги очекува првите љубители на скијањето, а деновиве по паѓањето на првите поубилни снежни врнежи на снегот на патеките во санкањето уживаа најмалите битолчани.Во изнинатиот период менеџерскиот тим на “Стрежево“ ги презеде сите неопходни мерки за зимската сезона да започе во најдобар ред, а беше извршен е стручен надзор и потврдена е техничката подготвеност на двата ски-лифта.-Подготвени ја пречекуваме ски-сезоната. Одржувањето на двете скијачки патеки, освен со персонал ќе се врши и со ратрак за секоја патека посебно, а за ноќно скијање обезбедивме осветлување. Инсталиравме и т.н. „панично осветлување“ кое освен на патеките, поставено е и на двата паркинзи колку што ги има во непосредна близина на ски-центарот. Оваа инвестиција беше неопходно потребна за да продолжи традицијата за ноќно скијање, а посетителите да се чувствуваат сигурни дека нема да има никакви проблеми за безбедноста на нивните автомобили, како и за влез и излез од ски-центарот во ноќни услови, истакна Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“- Битола и додава:

-Скијачите рекреативци непречено ќе може да уживаат на скијачите патеки, а во текот на зимата ќе бидат понудени и креативни програмски содржини.Исто така реконструирани се пристапните патеки до ски-центарот и наместо по досегашната каллива површина, сега секој посетител може да чекори по чиста патека со што нема да се оштетуваат и валкаат скијачките површини.

More from БитолаMore posts in Битола »