Ротари Клуб Широк Сокак Битола по повод новогодишните и Божикните празници организира on-line хуманитарна акција “Мала искра за голема магија“ во која секој може да се вклучи со купување на новогодишна честитка.
Средствата ќе бидат наменети за донација во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот “Кочо Рацин“ во Битола.
-Сите заедно да направиме новогодишна магија во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин – Битола, бидејќи секое дете ги заслужува звездите, велат од Ротари Клубот Широк Сокак Битола и ги повикуваат битолчани да се приклучат во оваа новогодишна хуманитарна акција.
Цената на една новогодишна честитка е 45 денари.






