Press "Enter" to skip to content

ОУ “Даме Груев“ со повеќе настани го одбележа патрониот празник (фотогалерија)

Патрониот празник е повод кога учениците имаат можност да им се претстават на своите соученици, наставници, родители и други посетители со активности предвидени со посебна програма. По повод Патрониот празник на ОУ “Даме Груев“ од Битола се реализираа низа активности подготвени од страна на учениците и нивните ментори.Чествувањето започна на 10 декември со поетот Филип Димковски, а продолжи со работилница “Комуникација“. Потоа во просториите на НУУБ “Св. Климент Охридски“ по седми пат се одржа “Ораторското матине“, манифестација со огромен интерес, во чии текстови на младите оратори можеше да се чујат нивните желби, нивните размислувања, за она што им недостига и го посакуваат, за она што им пречи и за кое негодуваат. Како и да е, го слушнавме нивниот ГЛАС, кој и нè насмеа и нè опомена.Наградени беа: Емилија Пецаковска од  ОУ “Св. Кирил и Методиј“, Михаела Ристевска од ОУ „Даме Груев“ и Марија Цветановска  од ОУ “Стив Наумов“.Млади поети наградени на училишниот литературен конкурс од III до V одделение беа;  1. награда Вероника Димовска III, втора  награда: Леона Аземовска III, и трети награди за Ана Ванчевска III, Калина Павловска III и  Матеа Димевска III одделение.Наградени ученици на Општинскиот литературен конкурс од VI до IX одделние беа: 1.  награда: Антониа Цветаноска VII, 2. награда: Ивана Христова IХ и Марија Петровска VIII и 3. награди за Марија Костурска VIII и Леона Соклевска VI одделение.Под мотото “Избриши солза од нечие око“  учениците од III б одд.  во НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола, како дел од одбележувањето на  Патрониот празник на училиштето. Хуманоста ја покажаа на дело преку пораки и донација на училишен материјал за децата од Центарот за ран детски развој “Сумнал“ Битола. Продолжувајќи ја соработката на одделението со Ротари клубот „Широк Сокак„ – Битола, на учениците им подарија видео видео-бим кој ќе придонеси унапредување на наставата.Во рамките на рославувањето на патрониот опразник се реализираа следните активности: натпревар во мал фудбал, еко работилница “Примарно рециклирање на батерии“, јазичен хепенинг “Пишуваме на ѕидот на иднината“, свечена заклетва на членовите на детскиот парламент, “да се бориме за секоја насмевка“,  ликовна изложба и презентација на проект од физика и презентациај на Еразмус проектот “Малцинства во Европа“. Активностите по повод патронатот завршија со натпреварот во модерни танци “Танцувачот“.

Нела Неделковска

More from БитолаMore posts in Битола »