Press "Enter" to skip to content

Софистицирани дијагностички апарати во вредност од 47.000 евра ќе добие Болницата

Денес во оранизација на Клиничката болница од Битола се одржа координативен состанок на македонските и грчките партнери во рамките на проектот “COMETECH“ кој е дел од програмата за прекугранична соработка Грција -Македонија 2014-2020.

Имено, се работи за грант добиен од Европската унија во рамките на споменатата програма во кој Клиничка болница од Битола е еден од 5-те партнери. Водечки партнер е Александар технолошки и образовен институт од Солун, како и Општата болница од Велес и лекарската комора на Солун.Содржински се работи за проект за превенција и дијагностика на дијабетот и неговите последици.

Во рамките на овај проект Болницата ќе добие  со вредност од 47.000 евра, 12 софистицирани дијагностички апарати меѓу кои со најголема вредност е неинвазивна офталмолошка камефа за испитување на фундус.

Со оваа апаратута ке се врши бесплатен скрининг на 200 пациенти од општината целна група одбрана од лекарскиот проектен тим.

More from ВестиMore posts in Вести »