Во период мај-декември 2018 год. женската граѓанска иницијатива КЛЕА Битола, реализира проект „Олеснат пристап на жените до пазарот на трудот“ во Општина Битола.
Главна цел на овој проект е интегрирање на невработените жени од ранливите групи од Општина Битола на пазарот на трудот, преку нивно оспособување за користење на владините мерки за вработување и прилагодување на потребите на пазарот на трудот.
Според податоците добиени од АВРМ, во Општина Битола заклучно со јули 2016 год. имало вкупно 5.826 невработени лица, од кои 2.887 биле жени и 2.939 мажи.
Во контекст на тоа, ЖГИ КЛЕА како дел од проектот, ги спроведе следните активности: анкета на 100 невработени жени од ранливи категории, активни баратели на работа, за нивната информираност за понудените владини мерки за вработување.
Добиените податоци од анкетираните жени покажуваат дека 96 жени се активни баратели на работа а 4 се пасивни, а 61 жена се од град – 39 од рурална средина, 60% од жените не се информирани за активните мерки за вработување, а само 5% ги искористиле за самовработување.
На работилниците присуствуваа жени од ранливи категории, активни баратели на работа, а обучувачки на работилницата беа Виолета Димовска, Жаклина Сервини и Јулијана Поповска, а на двете работилници присуствуваше советничката од Општина Битола, Ристенка Алтипармаковска.
Овој проект финансиски беше поддржан од страна на Општина Битола, а беше реализиран како дел од Акцискиот план за економско јакнење на жените во Општина Битола.






