Ненадејно во Битола, на 57 годишна возраст почина м-р Ристо Палигора, советник конзерватор, вработен во Заводот и музеј во Битола.
Ристо Палигора е познат на битолската јавност преку реализација на голем број на проекти за зачувување, односно реставрација и конзервацијата на голем број на верски објекти во Битола и Битолско, и поедичени реставрации на фрески и икони во многу битолски цркви и манастири.
Во својата плодна дејност во оваа област исто така беше автор на голем број на пишани материјали, книги и публикации посветени на зачувување на македонското културно наследство, а учествувал и на голем број семинари, симпозиуми, предавања, трибини… со ваква тематика.
Меѓу големиот број објекти на кои работел Палигора, мора да се споменат и црквата во Курбуново “Св. Ѓорги“, како и манастирот во Велушина каде беше дел од тимот за реставрирање на иконите.
М-р Ристо Палигора дел од своето слободно време го посвети и за работење во Влашаката заедница, каде беше истакнат член.
Опелото и погребот ќе бидат, утре 25 декември, во црквата “Св.Недела“.






