Press "Enter" to skip to content

Синдикатот на РЕК носител на хуманитарната акција за спортување на децата со посебни потреби (фотогалерија)

Вечерва со спортска сала на основното училипе “Ѓорѓи Сугрев“ во Битола беше компетирана хуманитарната акција за помош во вид на спортски реквизити на децата со посебни потреби кои играа кошарка.Денешната донацијата се состои од комплет спортска облека (тренерки, горен и долен дрес, чорапи), спортска торба, патики и новогодишно пакетче, а претходно беа донирани спотрски реквизити за поуспешно одвивање на спортските актовности, кои редовно се одржуваа во вторник и четврток.За компетната хуманитарна акција, претседателот на синдикалната подружница на РЕК “Битола“, Менде Фидановски, рече:-Оваа идеја да им се помогни на овие наши деца се роди по едно телефонско јавување од Америка на мојот пријател Тони Јошевски – Слеџо кој таму живее, и ме замоли да видам во какви услови тренираат децата  со посебни потреби и со што може да  помогне, а тој се јави да биде и е еден од донаторите. Потоа стапив во контакт со тренерот кој работи со овие деца, Мико Голубовиќ, разговаравме околу тоа какви потреби имаат децата и заклучивме  дека им недостига  спортска опрема, тренерки, дресови и патики бидејќи сите тренираа во различна опрема, како и спортски реквизити. Сето ова беше набавено со помош на спонзори, мојот другар од Америка-Јошевски, синдикалната подружница на РЕК “Битола“,  продавницата за автоделови “Татар“ од Битола, продавницата за спортска опрема “Лукас“ од Битола и фабриката за спортска опрема од Прилеп. Идејата беше да им помогнеме на овие деца, но и да ги поттикнеме другите поединци и фирми да помогнат да се подобрат условите за работа и спорстко дружење на овие ранливи категории.Денешниот тренинг Мико Голубовиќ го одложи за децата да се радуваат на донацијата и новогодишните пакетчиња, а за работата со овие деца рече:-Со задоволство ја прифатив поканата на родителите да работам со овие деца, започнавме со 5-6 деца, а  со текот на времето бројот на децата се зголемуваше. Ова е предизвик за мене и се надевам дека помогнавме овие деца да имаат и спортски активности. Како тренер ако се вратам на почетоците, можам да речам дека има големо подобрување кај нив. Сега со реквизитите и спортската опрема децата се комплетно подготвени за тренинзи, а се надевам дека во иднина ќе биде уште подобро.Инаку спортските активности на децата со посебни потреби започнаа да се реализираат пред 2 години, по иницијатива на родителите.-Случајно се сретнавме со кошаркарот Мико Голубовиќ и му предложивме да ги тренира децата кои тогаш беа само пет деца, а да кажам веднаш сега се дваесетина.  Тој веднаш ја прифати поканата без размислување и ограничувања. Сега групата се прошири,  се вклучија ученици од основните и средните училишта од посебните паралелки. Оваа година добивме поддршка од локалната самоуправа, доделени се средства со кои се плаќа тренерот, затоа што досега тој тренинзите ги одржуваше без паричен надомест, а се јавуваат и физички и правни лица кои што сакаат да донираат. На почетокот сами си купувавме спортски реквизити, а сега со поддршка на неколку фирми  сме веќе комплетирани, рече Розинка Петровска, активист во оваа иницијатива и родител на дете со посебни потреби, која додаде:-По спортот децата се приклучија и  во културно-уметничко друштво, така што сега се дружат и учат фолклор со играорците, а имаат и годишен билет за спортски натпревари, и заедно одат на кино проекции.-Сега освен со училиштето, живото на децата им е исполнет и со други содржини, а сето ова донесе промени кај децата, тие се порасположени, смирени, животот е многу поинаков со спортот и другите активности.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »