Press "Enter" to skip to content

Битолчани ќе ја пречекаат Нова година со “Кафана Широк Сокак“ на “Магнолија“

Општина Битола ја соопшти програмата за организираниот пречек на Новата 2019 година на плоштадот “Магнолија“, а во новата, во понеделник на 31 декември, битолчани ќе влезат заедно со програмата насловена “Кафана Широк Сокак“ во која ќе учествуваат групата “Боеми“, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска – Илиевски.Претходно  од 21 часот на “Магнолија“ ќе бидат Ди-џеј Христијан Ѓаковски, “Силви бенд“, и Сефедин Бајрамов. Пред нив ќе има детска програма.

Организирана програма ќе има и во недела на пладне на 30 декември.

 

More from ВестиMore posts in Вести »