Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес ја закажа 27. седница на Советот на Општината Битола, а покрај гласањето на буџетот за 2019 година, а советниците ќе го имаат пред себе и извештај за работата на Советот на Општината Битола за 2018 година, како и програмата за работа на Советот на Општината Битола за 2019 година.
На дневен ред на денешната последна седница во 2018 година, се следните точки:
1. Предлог-Буџет на Општината Битола за 2019 година.
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општината Битола за 2019 година.
3. Буџетски календар за 2019 година.
4. Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година.
5. Извештај за работата на Советот на Општината Битола за 2018 година.
6. Програма за работа на Советот на Општината Битола за 2019 година.






