Децата кои престојуваат и се школуваат во Заводот за деца со оштетен слух и говор денес со новогодишна приредба се заблагодарија на новогодишните подароци кои традиционално им ги подарува градоначалникот на Битола.
На приредбата под будно око на професорите и другиот кадар на Заводот учениците изведоа приредба на која покажаа што имаат научено, а тоа им пренесоа на присутните.
На свечената приредна покрај градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, присуствуваше и директорот на “Водовод“, Горан Козаров.
По приредбата децата ги добија подароците од Дедо Мраз, на кој му се израдуваа и му ја испеаја и новогодишната песна.
Утре подароци ќе добијат и децата од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, Баирска светлина ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, “Сумнал“ (МЗ Таки Даскало-кај чинарот), Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас (ул. Елпида Караманди), Дом за доенчиња и мали деца и во Дневен центар за деца со посебни потреби.






