Press "Enter" to skip to content

За прв пат “Битолски новогодишен базар” на “Магнолија“ (фотогалерија)

Ротари Клуб Битола ,,Широк Сокак” со поддршка на Oпштина Битола, по примерот на големите светски метрополи вечерва го организираше за прв пат “Битолски новогодишен базар”.Како што ни рекоа од Ротари Клуб Битола ,,Широк Сокак” ова беше еден поинаков “After work” со музика, на чаша варено вино или ароматичен чај со рум.-Плоштадoт ,,Магнолија” вечерва е местото каде ќе оживеавме магијата на старите дружби на Широк Сокак, каде низ вековите се родиле многу љубови, многу пријателства и многу бизнис партнерства. Се надеваме дека битолчани вечерва се сретнаа се со школски другари, со сoседи од старатo маaлo, со соработници, роднини и пријатели на едно место… велат “ротаријаците“.На овој настан  учествуваат компании и индивидуалци кои ги изложија и продаваа своите производи, а средствата кои ќе бидат собрани на овој настан по пат на спонзорства целосно ќе бидат насочени во нашите хуманитарни проекти.“Битолски новогодишен базар “ битолчани на ладно време се стоплија со варено вино, печени костени, сендвичи, слатни, а ги забавуваа DJ Limon, “Unikat Bend“ и “Памперси“.

More from БитолаMore posts in Битола »