Како и најавија вчера на реотворањето на старата експозитура во Старата зграда кај Саат кулата, на Стопанска банка АД Битола, утрови ја реализираа донацијата во Здравствениот диспанзер “Д-р Хаим Абраванев“, наменета за Детскиот диспанзер.
Донацијата се состои од транспортни креветчиња на новородените дечиња и дигитални ваги за следење на растот на дечињата.
-Стопанска банка АД Битола и оваа година продолжува со донации за установи кои работат на територијата на општина Битола, каде и ние работиме, иако имаме десетина ескпозитури насекаде низ државата. Оваа година донацијата е насочена кон Здраветсвениот дом “Д-р Хаик Абраванел“ во одделенито за згрижување на деца каде што имаат примарна заштита. Се надеваме дека условите за прием на децата ќе се подобрат и ќе имаат по пријатен престој додека престојуваат тука, рече во име на донаторот, Наташа Несторовска, директор во Стопанска банка АД Битола.
Несторовска додаде дека Банката ќе продолжи да работи како општествено одговорна компанија и понатаму ќе донира, а ќе работи и на модернизирање на експозитури.

Стопанска банка АД Битола денес донираше во Детскиот диспанзер во “Уредот“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: битолчанка физички нападната од сопругот со кого се разведувала
- „Жени во кинематографијата“ на фестивалот „Браќа Манаки“: Менталното здравје, границите и конфликтите во фокусот на WIC панелот
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола





