Press "Enter" to skip to content

Иницијатива за формирање Битолски бизнис клуб (фото)

Група битолски стопанственици, предводени од Димче Поповски, сопственик на “Дака Холдинг“ оджаа иницијативна средба за формирање на Битолски бизнис клуб, а средбата на која присуствуваа повеќе од десетина сопственици на компании од Битола, се одржа во хотелот “Милениум“.

Димче Поповски за оваа иницијатива пред присутните на средбата рече:-Повод за да се одлучиме за ваков чекор е состојбата која ја чувствуваме сите битолчани, а тоа е тешката ситуација во која се наоѓа целиот град, а во прв план е уназадувањето на стопанството во Битола. Втората причина е таа што сакаме да внесиме младост и свежина во функционирањето на коморите, бидејќи во одредени комори каде се здружуваат стопанствениците, без навреда, старосната граница е над 55-60 години. Целта на овој нов Битолски бизнис клуб ќе биде да помогнеме да се придвижи битолското стопанство. При организирањето на бизнис секторот ќе нема никаква селективност, но ќе има строго дефинирани правила за членство во оваа комора, а условите кои се уште ги утврдуваме ќе ги кажеме на основачкото собрание.Според кажаното на првиот иницијативен состанок овој клуб нема да се пополнува со членови, квантитативно, туку со членови кои ќе бидат квалитетни, а еден од условите ќе бида членовите да бидат сопственици на фирми-компании, како и што беа на основачката средба, стопаственици-сопственици на фирми.-Веќе во изработка е предлог статутот на идниот бизнис клуб, како и програмата во која ќе бидат вклучени сите идеи на членовите на иницијативниот одбор кој беа на првиот состанок кои ќе бидат разгледани. Секако дека ќе бидеме отворени и транспарентни за сите членови, како и за реализиција на нивните идеи за поорганизирано битолско стопанство, вели Поповски.-По официјалното формитање на овој Клуб ќе пристапиме многу посериозно кон презентирање на нашите идеи кон државните институции, почнувајќи од локалната самоуправа, бидејќи ние сме пред се битолчани кои тука основале компании, па се до државно ниво. Мора да се напомене дека ние како Клуб ќе делуваме за да го јакнеме бизнисот во Битола, да ги пофалиме сите добро работи кои во таа насока ќе ги направи општинската власт, но и многу посилно да ги искритикуваме сите лоши работи и оние кои не се воопшто направени, додава Поповски.Поповски  вели дека на првата средба имало бројка на луѓе која ги надмина бројот кој го очекувале иницијаторите, а тоа според него вели дека стопанствениците се желни за внесување на младост и енергија во ваквите стопански здруженија, за подмладување на првата линија бизнисмени која ќе ги носи иницијативати за подобри услови за бизнис во Битола, што ќе биде предуслов не само за подобрување на екомонската состојба на битолчани, туку и за поквалитетен општествен живот на градот под Пелистер.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »