Press "Enter" to skip to content

Факултетот за информатички и комуникациски технологии ги додели дипломите и го промовира проектот “EMPLOYOUTH“ (фотогалерија)

Факултетот за информатички и комуникациски технлогии -Битола (ФИКТ) во свечената сала на хотелот “Епинал“ во Битола организира свеченост на која беа свечено доделени дипломите на на дипломирани и магистрирани студенти.Ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“, проф. д-р Сашо Коруновски ги поздрави дипломците и им посака успешно реализирање во работните кариери, а воедно и го отвори овој настан.Деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технлогии, проф. д-р Игор Неделковски, им ги додели дипломите на дипломираните студенти и на магистрантите, и ги соошти имињата на најдобрите студенти.Потоа за прв пат дипломираните студенти го извршија фрлањето на капите на Широк Сокак.Исто така беше промовиран и проектот “EMPLOYOUTH“  од програмата за погранична соработка со Грција, а потоа се одржа и саем за кариерен развој, за кој зборуваше Сузана Трајковска-Кочанковска.