Во салата за изложби бо Заводот и Музеј во Битола, свеченото беше отворена Тактилната изложба со мотиви од колекцијата на НУ Завод и музеј Битола единствена од ваков тип во Република Македонија.
Изложбата е наменета за слепи и слабовидни лица со единствена цел- достапност на постојаната музејска поставка до нив.
-Изработени се дваесет и две тактилни слики на специјална капсулна хартија, печатени на фузер, со претходна комјутерска подготовка, пропратени со адаптирани текстови и објаснувања на Браева азбука, изјави м-р Јове Парговски од Н.У. Завод и музеј, кој изработи голем дел од тактилните слики.
Во рамките на овој проект беа консултирани повеќе експерти од Република Македонија и Балканот, Татјана Мијатович од БиХ, Милена Милошевич Мицич, Жељка Сушич од Хрватка, која беше на отварањето на изложбата и др. (дефектолози, тифлолози, дизајнери, кустоси…)а, беа направени со консултации со слепите лица од Битола низ работилници, организирани посети и состаноци.
Текстовите на Браева азбука ги подготви м-р Тесалија Жирова-тифлолог, а НУ Завод и музеј Битола во последниот период реализираше повеќе стручни проекти за инклузија и достапност на културното наследство за лицата со попречености.
Раководителот на проектот, д-р Ирена Ружин најави дека во наредниот период предмети од поставката ќе бидат презентирани во 3Д , со аудио и видео поддршка и објаснувања на знаковен јазик, со поддршка од Балканска музејска мрежа. Изложбата ке биде презентирана во повеке градови.
Изложбата е поддржана од Министерство за култура на РМ.

Тактилната изложба со мотиви за слепи и слабовидни лица (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно и свежо
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)





