Press "Enter" to skip to content

ЈП “Стрежево“ концесионер до 2024 на Стрежевското езеро, ќе порибува и ќе организира спортски риболов

Јавното претпријатие “Стрежево“ и Владата на Република Македонија, потпишаа договор за концесија на риби за организирање рекреативен риболов на рекреативната зона “Акумулација Стрежево“ во времетраење од шест години (2019-2024 година).

Во име на Владата на Република Македонија, Договорот за концесија го потпиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а за ЈП “Стрежево“, директорот, Менде Граматковски.-Со овој договор претпријатието ќе детектира и информира за евентуалните еколошки проблеми и импликации врз рибниот фонд, ќе ја контролира уловената риба и ќе врши поуспешно управување и стопанисување на акумулацијата “Стрежево“ во целост. Ќе вршиме заштита и ќе овозможиме користење на рибите преку планско експлоатирање на одржлив начин.Физичката заштита ќе се остварува преку сопствена рибочуварска служба составена од обучени, професионални и униформирани рибочувари, вели директорот, Менде Граматковски.

Според овој договор, “Акумулацијата Стрежево“ редовно ќе се порибува секоја година, најмалку два пати годишно во согласност со риболовната основа (со подмладок од речна пастрмка и крап).Она што најповеќе ги интересира спортските риболовци во Битола е тоа дека ќе продолжи порибувањето и ќе имаат заеднички средби со одговорните во ЈП “Стрежево“.

-На посебно задоволство на рекреативните риболовци планираме да вршиме и порибување со транслокација на риби со цел дополнително да ја зголемиме атрактивноста на акумулацијата “Стрежево“. Планираме транспарентно да организираме заеднички средби со членовите на риболовните здруженија од регионот каде што ќе дискутираме за сите аспекти за поуспешно имплементирање на договорот за концесија на заединичко задоволство, а пред се во интерес на граѓаните. 

More from ВестиMore posts in Вести »