“Заедничка алтернатива“ во соработка со ЗУР “Македонски ракотворби“ и “22 Нентори“ со поддршка на јавните претпријатија “Комуналец“, “Водовод“, “Нискоградба“, “Пазари“, Синдикатот на РЕК “Битола“ и јавниот локал “Авај фуд“ заеднички донираа во Домот за доечиња и мали деца во Битола.
Донацијата се состои од новогодишни пакетчиња за дечињата и средства за лична хугиена за Домот. Членовите на невладиниот сектор беа топло примени од страна на директорката на оваа државна институција, Елена Николовска и нејзиниот тим.
Настанот беше заокружен со анимација на кловнот Заги и присуство на Дедо Мраз, кои ги забавуваа децата.

Заедничка хуманитарна акција на НВО, јавните претријатија, синдикатот на РЕК… во Домот за мали деца (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: битолчанка физички нападната од сопругот со кого се разведувала
- „Жени во кинематографијата“ на фестивалот „Браќа Манаки“: Менталното здравје, границите и конфликтите во фокусот на WIC панелот
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола





