Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: зошто е важно децата да веруваат во Дедо Мраз?

Подготвил: Жанета Ристевска – психолог

Дали треба да се верува во ликот на Дедо Mраз или тој изгубил секаква смисла и моќ?

Секогаш се сеќаваме со убави спомени  и емоции кога како деца верувaвме во симпатичниот  Дедо кој вози санка и ги посетува домовите. Кога со нетрпение го очекуваме  утрото кога во чизмата на прозорецот,  да ни остави подароци.

Зошто е важно децата да веруваат во Дедо Мраз?

Бајките постојат и одсекогаш постоеле за развивање на фантазијата и имагинацијата. Тие се составен дел од детството. Со самото тоа, и верувањето во ликот на Дедо Мраз е важен дел од растењето на секое дете. Дали детето треба да верува во Дедо Мраз­­ и дали  таа верба треба да се задржи и понатаму кога сме возрасни. Таа верување е всушност верба  во добрина, дарежливост, делење на подароци за добри дела… Детето ќе верува во Дедо Мраз доколку родителите и семејтсвото го подржуваат во тоа. Немојте  да им ги рушите излузиите на детето, и да зборувате дека не постои дајте му пригоден одговор од типот:

Додека веруваш, тој постои!“

Добриот старец на санка со многу подароци  е тука да ја пробуди:

–  праведноста,

–  дарежливоста

–   добрината

–  желбата да и тоа наградува за добри дела  и дели со други, еден ден.Развојот на детето и значењето на бајките

Децата во текот на развојот се незаштитени и се чувствуваат несигурно, без оглед  на сето внимание и љубов кои ги добиваат од родителите и други личности . Верувањето во чуда им помага да се чувствуваат посигурно. Во измислениот свет на бајки и приказни , децата се претвараат дека се  дел од него и така се внесуваат и  вежбаат ситуации кои ќе им  бидат од помош да полесно ги решаваат проблемите. Тука се соочуваат и учат за  добро, лошо,правилно, убаво, грдо… Победа на добро над лошо…

Бајките се тие кои ги внесуваат во  тој магичен свет на фантазија.

Ако детето се развива во свет и се соочува со проблеми без претходно запознавање со бајки  и развивање на фантазијата, ќе се чувствува несигурно, потешко ќе донесува одлуки и може да има  трајни последици од тоа покасно. Како возрасен човек ќе стане несигурна личност  и потешко ќе донесува одлуки. Често  ќе се бори со проблеми без сигурност во себе да ги реши.

Што ако некој им ја сруши илузијата во постоењето на Дедо Мраз?

На возраст од 3 или 4 години многу тешко им паѓа ако постар другар или брат/сестра му ги сруши илузиите со тврдење дека Дедо Мраз не постои. Дечињата тогаш можат вистински да тагуваат и патат. Затоа обидете се да им ја вратите магијата и вербата на уште некое време додека  и сами не бидат спремни. Немојте никако да им зборувате дека некое дете не е добро и затоа Дедо Мраз не го посетува. Многу е подобро да му се каже дека Дедо Мраз доаѓа само кај децата кои веруваат дека тој постои.Дали ако им кажуваме за Дедо Мраз, секогаш ќе веруваат во лаги/ или се дава лажна слика за реалноста?

Ова е една голема заблуда на поедини родители.  Ова апсолутно не е точно. Кога децата во право време ќе престанат да веруваат во Дедо Мраз нема да бидат и разочарани. Ќе сфатат дека тоа не биле лаги, туку една убава бајка која можат и понатаму да ја сонуваат и фантазираат за неа со убави спомени од детството. Убаво е тоа да се задржи и понатаму во животот на возрасните. За децата од предшколска возраст многу е важно да веруваат во добро и совршенство, и што повеќе време поминат во свет на магија и фантазија. Тие веруват во Дедо Мраз и додека некој не ги наведе на тоа, не ги лупаат своите главчиња со размислувањље дека воопшто постои. Тој за нив постои!

Децата кои се ускратени да се развиваат низ фантазија, најчесто израснуваат во цинични и вечно скептични личности

На  оние деца на кои одсекогаш им се наметнувало дека Дедо Мраз не постои, а тие го виделе на филмови,  улица пред Нова година или во украсените излози , силно сакаат да тој сепак постои и потајно се надеваат, но не смеат тоа да им го признаат на родителите. Тие обично покасно имаат негативен став спрема новогодишните празници и во тој период околу себе шират негативна енергија. Често се чувствуваат депресивно во тој период и додека другите се радуваат на магијата на празниците тие се често и тажни. Слично е и со децата на кои илузијата им е срушена, а родителите не се потрудиле да  ги повратат. Заради тоа нема причина да на било кој начин да ја развивате и подгревате негативноста кај децата спрема нешто што е навистина убаво.

Кога детето ја тестира довербата на родителите?

Децата кај кои родителите развиваат верба во добро, имаат доверба во нив и се радуваат на празниците и желно го исчекуваат нивното доаѓање. Меѓутоа ако  децат се лути на родителите, нема да сакаат да учествуваат во празниците. Како што детето расте се подобрува и перцепцијата и со време знае да распознава кога во улога на Дедо Мраз е некој роднина или татко кој изгледа како Дедо Мраз од приказните. Сепак тоа нема да им смета и понатаму да веруваат во бајки, но на поинаков начин. Родителите  треба внимателно да одговараат на прашањето за Дедо Мраз бидејќи не е поента ни слепо да тврдите дека постои. Секогаш во се што е поврзано со Дедо Мраз треба да постои и доза на мистично, магично и необјаснето.

Кога престанува верувањето во Дедо Мраз?

Децата престануваат да веруваат во Дедо Мраз обично кога поаѓаат во училиште на возраст од 6, 7  години, кога веќе умеат да се снаоѓаат во различни ситуации. Повеќе не им е неопходна подршка на нестварни суштества и бајки, туку можат да се соочат со работи какви што се. Така слободно ќе можете да ги водите сами да изберат новогодишен поклон бидејќи Дедо Мраз преоѓа само во убав спомен. Сепак потрудете се детето да ја задржи магијата на празниците и понатаму да ужива во другите убавини на Нова Година.

Прочитав една мисла која ми беше интересна сега пред празниците кога насекаде гледаме магија на новогодишна бајка.

„Најпрво како дете не учат како да веруваме во Дедо Мраз, а потоа со одрастувањето сфаќаме дека светот на возрасните прави таа верба да се изгуби“

 Но едно истражување на интернет кое било спроведено на  поставеното

 Дали верувате дека  Дедо Мраз постои ?        ДА           НЕ

  68% од испитаниците одговорила со ДА!     А 32% од испитаните со НЕ

Значи спрема овие податоци ќе можеме да заклучиме дека  –  ДЕДО МРАЗ ПОСТОИ во верувањата на испитаниците кои одговориле позитивно.

Со позитивни мисли и чувствувајќи ја магијата на празниците ние се враќаме во нашето детство кога за нас  Дедо Мраз постоел.  Но  зошто да не постои и сега во нашиот свет на фантазии како возрасни личности, ако се чувствуваме добро во новогодишна бајка на убаво и совршено.

More from БитолаMore posts in Битола »