Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кривични за исплата на повисоки плати од договорените во ЈП “Жабени“

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против С.И. (39) и Д.Ш.(59), двајцата од Битола и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 01.01.2015 до 31.03.2018 година, првопријавениот, како директор на ЈП “Жабени” и второпријавениот, како раководител на инфраструктура во ЈП “Жабени”, преку третопријавеното правно лице, како овластено сметководствено биро на ЈП “Жабени”, за сопствени плати, исплаќале износи повисоки од износите во договорот за вработување на истите, со што се стекнале со противправна имотна корист од 421.077 денари на штета на буџетот на ЈП “Жабени”.

More from ВестиMore posts in Вести »