Press "Enter" to skip to content

Боемска атмосфера за Новогодишната ноќ во ресторанот “Грне“ (фотогалерија)

Весела новогодишна атмосфера низ цела Битола, по ресторани и кафулина, хотели… Но, атмосферата во ресторанот “Грне“ посебна, емотивна, боемска, не кафанска.Секако  таа атмосфера ја направија гостите кои традиционално веќе 7-ма година по ред слават во овој ресторан. Тука беа две големи весели друштва и други гости, вкупно шеесетина, кои се заедно многу години и последните слават заедно. Можеби и тоа е една од причините што можат да се опуштат и веселат на начин кој е вистина боемски и со душа да ја чувствуваат музиката која беше за уживање.Тука на едно место беа собрани членовите на битолската група “Боеми“ кои се вратија од прославата на плоштадот „Магнолија“, “Куба бенд“ ги забавуваше гостите во текот на ноќта со хитови од сите простори на Балканот, Панде Димитровски-Незаборав кој ги анимираше гостите. Атмосфера каква можеше да посака за новогодишната ноќ, сопственикот на “Грне“, Владе Спасовски.Но, кога се запеа песната „Ако одам во Битола“ и авторот на таа песна нашиот стар битолчанец Петар Калица кој беше со сопругата на дочек со друштво, сите станаа на нозе, солзи во очите и посебна атмосфера која не може да се опише туку доживее. Авторот кој напишал и многу други песни кои се забележани во македонската народна музика. емотивно, сите ги стана на нозе и заедно го отпеја неговиот хит. Тоа се тие трајни вредности кои недостасуваат во ова современо  време на брз начин на живот…Заради тоа и напишав боемска, емотивна, но не кафанска…Добро е што во нашата Битола се уште постојат такви трајни традиционални вредности на чесност, висок морал и луѓе кои почитуваа. Голем дел беа меѓу гостите во “Грне“. Од овие вредности и треба да учат и да ги почитуваат помладите генерации. Мило му е што ја почуствував таа атмосфера во Новата 2019 и се надавам дека ќе продожи во истата со почит кон високи вредности.

Ж.Ристевска

More from ЗабаваMore posts in Забава »