Александра Максимовска од Велес, е среќната мајка, која на свет донесе машко бебе, тешко 3.255 грама, а долго 49 сантиметри, а бебето е породени 40 минути по полноќ, а покрај нејзиното чедо во Клиничката болница во Битола се родија уште две бебиња.
Со букет цвеќе градоначалничката Петровска му посака здравје, љубов и топлина на првото новороденче во Битола.
-Имаме три новороденчиња на 1 јануари 2019 година, здрави и живи. Нека Ни
бидат здрави и живи долги години, да имаат топлина во домот и љубов. Ова е
момент кој што е еден од најсреќните за било кој градоначалник, еден од
најубавите моменти во функцијата која што ја извршувам, им посакувам среќа во
семејствата, меѓутоа, среќа и на сите наши битолчани. Нека ни се здрави и живи
новороденчињата, посака градоначалничката Наташа Петровска, која покрај
првороденото бебе, ги награди и останатите две новородени бебиња на 1 јануари
2019 година.
Раководителката на гинеколошкото одделение, д-р Елизабета Чипуровска во
името на дежурниот персонал и се заблагодари на градоначалничката за гестот
на внимание кон одделението и родилките, а на младите им порача во оваа
година да создаваат семејства и да ги користат благодетите на услугите на ова
одделение.
-Вкупно имаме три живородени машки дечиња, значи ќе имаме јака година и се
надевам многу успешна. Им порачувам на младите оваа година да им биде
година во која ќе створат семејство и ќе го прошират истото, со донесување на
свет на здрави новороденчиња. Ние сме тука да им понудиме се што треба и да
им го овозможиме тоа. Се надевам дека и со општината ќе соработуваме успешно
и понатаму, во интерес на младите. Отворени сме за соработка, имаме отворено
и школа за родителство, која што уште повеќе им помага на младите за
советување кога донесуваат одлука да створат семејство и да донесат на свет
новородено дете, рече Чипуровска.
Второто бебе родено во битолската болница е од Кичево, кое мајката го донесе на свет со царски рез во 10.05 часот, а третото бебе е од Битола, исто така породено со царски рез, во 11.10 часот.






