Влегувањето во Новата 2019 година на плоштадот “Магнолија“ беше проследено со голем огномет, кој го организираше битолската компанија пиротехника “Бум-Бум“.
Според зборовите на Ангелина Котевска, која вечерта на Нова Година беше одговорна за огнометот во бројки огнометот бил величествен.
-Бевме поставени на балкoнот на зградата на “ЈОХХ“ или како битолчани ја знаат како зграда на поранешен “Тетекс. Во текот на 31 декември цел ден го “редевме“ огнометот, а почнавме да го “пукаме“ точно на полноќ. Огнометот траеше точно четири минути, а имаше активирано 300 проектили, односно како ние велиме 300 “пукања“, вели Ангелина Котевска од пиротехника “Бум Бум“.
Котевска додава и дека за лансирање и активирање на проектилите било употребено поголемо количество на барут, а целиот огномет бил компјутрески следен и активиран.
[ngg src=”galleries” ids=”254″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






