Press "Enter" to skip to content

Бадниковата поворка со многу деца по Широк Сокак во 11 часот на Бадник

Организаторите на овогодинешните “Бадникови поворки“ ги повикуваат сите дечиња да се приклучат на најубавата Божикна манифестација во Битола.Централниот настан ќе започне од 11:00 часот, зборно место пред Музејот кај фонтаната кај “Јагода“, поворката ќе се движи долж по цел Широк Сокак, се до храмот “Св. Димитриј“, каде што Владиката Петар, ќе ги пречека дечињата и ќе ги дарува со подароци сите учесници на поворката.

Бидете со нас, со радост и песна да го најавиме раѓањето на синот Божји.