Press "Enter" to skip to content

Денес ноќно скијање на стазата “Ниже поле“, од утре официјален старт на скијачката сезона

Вечерва за сите љубители на скијањето ќе можат да уживаат на ски-патеката “Ниже поле“ на ноќно скијање.

-Се е подговено и вечерва започнуваме со ноќното скијање на ски-патеката “Ниже поле“, а утре и официјално ќе стартува скијаката сезона во зимско-летниот туристички центар “Ниже поле“. Ски-патеката и осветлувањето на неа се подготвени, поставен беше и тампон на местата каде се правеше кал, а објектот-чајџилница за гостите веќе ги отвори вратите, вели Менде Граматковски, директор на ЈП “Стрежево“.