За три дена откако врне снег во Битола снежната покривка изнесува 32 сантиметри, што е најголема во последните неколку денови.
И температурите се минусни, па така утрово е измерена најниска температута во Битола од -8 степени целзиусови.
“Нискоградба“ јавното претријатие кое е задолжено за чистење на улиците е три дена на терен и ги чисти улиците од прв и втор приоритет, според програмата за чистење, а улиците од прв и втор приоритет се прооднни и исчистени.
Од КЈП “Нискоградба“ апелираат до граѓаните доколку имаат проблеми со одржувањето на улиците од прв и втор приоритет, но и според потребите за итни случаеви да се јават на телефонскиот број 047 221 016.





