На празникот Свети Наум, ден пред Бадник, е Коледе ден кога по традиција се палат коледарските огнови, а децата пеат коледарски песни.
Во Битола, коледарската песна се пее пред Бадник, а најмладите битолчани вечерва со “пештери“ кои го симболизираат местото на раѓање на Исус.
Најмладите со песна тропнаа се која битолска врата, а од домаќините за испеаната песна беа наградени со паричка.
Додека најмладите во Битола со песна го најавуваат Христовото раѓање, повозрасните пак се подготвуваат за палање на коледарските огнови, кои традиционално се палат во секоја битолска мала.





