Press "Enter" to skip to content

Екстремно студено, -21 на коледарската ноќ во Битола

Најстудено во коледарската ноќ Македонија со температура што се спушти до минус 21 степен целзиусов беше во Битола.

Иако температурата околу полноќ се беше на подносливи -12 степени за битолчани, таа некаде кај 5 часот утринава падна до -21 степен, што според информациите на мереоролозите е најниска и во регионот. 

Исто така ниски температури со околи -20 се измерени во соседен Лерин.

Инаку, во Берово кој важи за студен град се измерени -17 степени, во Прилеп -14, во Лазарополе и Крушево -12 , во Маврово -11 , во Скопје, Охрид, Претор -9, во Дебар -8,  а натопло беше во Дојран, -4 степени.

Во Битола снежната покривка е 27 сантиметри, а највисока во Маврово 65 сантиметри.

Во текот на денот се очекува променливо облачно време, ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер со максималната температура од -4 до плус 4 степени.

Во наредните денови утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро.