Со новите снежни врнежи ски патеката “Нижеполе“, висината на снежната покривка на патеката е зголемена со нови 20 сантиметри.
Екипите на јавното претријатие “Стрежево“ се на терен и ги имаат подготвено терените за скијање, а како велат од претријатието патот е прооден, ски – лифтовите се во функција, односно се е подготвено за вечерашното ноќно скијање, од 19 до 22 часот.
-Кога ќе го завршите скијањето топлиот планински чај ќе ве загрее во нашата Чајџилница, додаваат од ски-центарот “Нижеполе“.






