Press "Enter" to skip to content

Љубовна приказна: романтично запросување на вљубен битолчанец во Дубаи

Сликите на млади двојки кои седат во кафуле или парк и гледаат во своите мобилни телефони и не се гледаат “очи в очи“ вљубено и занесено како да ни откриваат реалност каде  романтиката е малку подазборавена и излезена од мода,  а тоа покажува дека млади современите генерации живеат со модерни технологии, а емоциите се понекогаш во втор план.

Но, приказната на младите влубени битолчани, Кети и Миле, ни докажа дека романтичните љубови се уште постојат. Тие одлучија да ја споделат својата љубовна приказна со битолчани, која сведочи за крунисувањето на нивната љубов и  интересното запросување на романтичниот Миле на патување во Дубаи.Се разбира на вљубените секаде име е убаво каде и да се наоѓаат. Едноставните држење за рака и шетање во парк за нив е романтично доживување. Но, вљубениот сакал со ова запросување да остави впечаток и да го запаметат  до крајот на својот живот.

Во една романтична вечер кога шетале во ноќта низ  светлата  на монденскиот Дубаи, тој извадил прстен и ја запросил својата девојка, Кети.  Запросувањето  секако било романтично, особено за Кети, која останала без зборови како што ни кажа со воодушевување.

-Сето тоа не може да се опише со зборови, ни рече Кети, која додава и дека  ќе го памети цел живот, а ни кажа  дека нејзиниот Миле е внимателен, нежен и со него секаде и е убаво, но во тие мигови тие биле пресреќни.

Така понесени од возбудата таа вечер за да прослават наместо во кафуле залутале  во еротски бар каде ја продолжиле вечерта, но низ смеа, тогаш ништо не било важно и се им било интересно и весело. Одморот во Дубаи им бил незаборавен.

Но, и кога се вратиле во Битола нивните најблиски и пријателите воодушевени од запросувањето ги пречекале на влезот во Битола со музика. Тие биле пресреќни.  Љубовта ќе ја крунисаат со брак и свадба во септмври 2019 година. И свадбата ќе биде романтична, необична и интересна и  веќе се подготвуваат да биде посебна. Ветија дека ќе ни испратат фотографии и сторија за истата.  

Посакуваме и многу романтични љубови и запросувања во годината која доаѓа и многу други интересни љубовни приказни, за кои со задоволство ќе пишуваме.

Ж.Ристевска

More from ЗабаваMore posts in Забава »