Press "Enter" to skip to content

Прва прозивка на фудбалерите на Пелистер и прв тренинг (фотогалерија)

Денес попладнево во просториите на фудбалскиот клуб Пелистер, под Тумбекафе, започнаа и подготовките на фудбалерите за пролетниот дел. На првата прозивка се појавија сите фудбалери на кои ќе рачуна тренерот Дарко Крстески. На фудбалерите им се обарати и им посака успешна сезона претседателот на Пелистер, Пеце Стојчевски кој им рече:

-Ова нека биде нов почеток на фудбалскиот клуб Пелистер, а она што се случуваше измината есен каде преживеавме многу стресови, да остане зад нас. Имаме нови засилувања, нови амбиции пролетва, и најави за поуспешен Пелистер. Денешниот старт да биде нова приказна која сакам сите заедно да ја доживееме, преку победи, заедничко дружење, прослава на успесите, со еден збор да дишеме како една фамилија.Стојчевски на фудбалерите им најави и соработка со бугарскиот клу ЦСКА, како и тоа дека при крај се и преговорите за турнеја на Пелистер во прекуокеанска земја.

-Имаме планови кои сакаме да ги реализираме заедно, но пред се мораме да се докажеме на терен, да победуваме, секако дека не можеме секогаш, се заради една цел, подобар Пелистер.Стојчевски се осврна на засилувањата и ослободувањето на дел од фудбалерите, за кои нагласи дека сите фудбалери кои ќе продолжат во дриги клубово, договорно се разделиле, а дека вратите на Пелистер за сите нив ќе бидат отворени во некои идно време.

На фудбалерите на првиот состанок им се обрати и тренерор Дарко Кртевски кои им посака успешна сезона, без повреди.-Сакам да укажан на важноста на подготовките кои се пред нас, кои мораме одлично да ги одработиме, бидејќи сега се заштитуваме од повреди, стекнуваме кондиција, се воигруваме. Се надевам дека иако има неколку новајлии, тие ќе бидат одлично вклопени во тимот, а дека верува во тоа е фактот дека сите се познавате меѓу себе, а дел од новајлиите играле и претходно во екипата. 

Што се однесува пак до подготовките, неколку дена ќе има полабави тренинзи, а некаде кај 7-8 февруари ќе биде и првиот тест на терен. Вкупно ќе имаме 8-9 контролни средби, а како ќе поминува времето ќе имаме посилни противници. Сите ќе добиете шанса, секако некои имаат плус кај мене, но сите сакам да бидете еден тим која ќе биде колектив за пример. Само така единстевни ќе имаме резултати, кои оваа пролет ни се потребни.За амбициите на Пелистер, Крстевски кратко рече:

-Прво мораме да се стационираме во горниот дел на табелата, да се обезбедиме, и да ја чекаме нашата шанса. Се зависи од нас, и им нагласи на сите дека дисциплината ќе биде на прво место.

Во екипата на Пелистер како новајлии се Филип Трајчевски, Андреј Петковски, Горан Ганчев, Ристе Маркоски, Петар Љамчевски и Сашо Шоповски. Сите беа на прозивката освен Ганчев кој утре ќе биде под Тумбекафе. 

Според Стојчевски се преговата со уште 2-3 фудбалери кои се очекува да го стават потписот на договорот со Пелистер.Иако по ладно време и магла фудбалерите на Пелистер го одработија и првиот тренинг на Кумурното игралиште.

С. Ристевски

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.