Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола, изминатиот викенд, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици на 1.155 возачи и возила.
При контролата, кај 16 возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. При контролата откриено е дека 13 возила се технички неисправни и истите се испратени на технички преглед, 24 возачи управувале без возачка дозвола а кај 84 други возачи откриено е дека управувале возила со поголема максимална брзина од дозволената. За неправилно паркирање издадени се 25 мандатни налози, а писмено опоменати се 20 возачи.
На 42 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 25 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 56видови останати прекршоци.
Издадени се вкупно 152 мандатни платни налози и 63 платни налози.
На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот случени се четири сообраќајни незгоди од која две лица се здобиле со телесни повреди.






