-Прва фестивалска вечер од Битола од вкупно шест фестивалски вечери, каде уметници од повеќе земји со концерти и две изложби ќе го одбележат 18. полнолетно издание на Фестивал на музика од светот, под мотото ‘Музички крстопат“ кое ќе се одржи од 25 до 30 ноември 2026 година.
-Шест вечери исполнети со музика што поврзува култури, генерации и емоции. Од севдах и фламенко до балкански ритми и безвременски композиции , Битола повторно станува место за музички средби со светот.
Вечерва во големата сала на Центарот за култура – Битола свечено беше отворен 17. Фестивал на музика од светот, со одличен концерт концерт на Амира Медуњанин од Босна и Херцеговина, со својот бенд составен од хрватски музичари.
18. Фестивал на музика од светот, кој сега е полнолетен, за отворен го прогласи директорот на Центар за култура Битола, Сашо Илковски кој рече:
-Кога културното срце на Битола е полно, тогаш и душата е полна. Вечерва повторно ги отвораме вратите на уметноста, на музиката, на културното поврзување и со особена чест и задоволство го отвораме 18, издание на Фестивалот на музиката од светот, фестивал кој во годините прерасна во препознатливо меѓународни културно случување и место каде различните култури зборуваат на еден заеднички јазик, во јазикот на музиката. Овогодишашното мото “музички крстопат“ ја отсликува токму суштината на фестивалот, кој е средба на различни музички традиции, емоции и уметнички израз, затоа што музиката не познава граници и има моќ да ги поврзува луѓето без разлика од каде доаѓаат. Во следните шест дена Битола ќе биде домаќин на извонредни музички состави и ќе овозможат да патуваме во различни музички предели и ќе откриеме нови различни музички звуци.
Гласот на Медуњанин ја носи длабочината на севдахот и секоја песна ја претвора во интимна приказна. Вечер исполнета со топлина, искрена емоција и мелодии што остануваат со вас.
По претставувањето пред публиката со две свои песни Амира Медуњанин, на публиката и се обрати и рече:
-Ви благодарам што сте тука и го поддржувате 18. по ред фестивал на музиката од светот, кој е роденден на фестивалот, кој го слави полнолетството. Сакам да нагласам дека во Битола сум по втор пат и многу се радувам. Во Битола бев пред шест години и тогаш си ветив дека ќе научам македонски, но се изнинуваме дека тоа не го направив, но знам да пеам на македонски. Пред шест години во Битола, за време на короната го имав својот прв концерт после карантинот и одржав прекрасен концерт во Хераклеја, каде се исплакав, а таму за моја среќа запеа и вашата Каролина Гочева. Затоа Битола ја паметам по нешто многу убаво.
Вечерва во Битола на сцената беа музичари од Загреб, а изведоа песна од алмубот “Домовина“, а секако и други песни.
Во 19 часот во холот на Центарот, ќе претходи отворање на изложбата „Бучава што создава идентитет“ на Тошо Филиповски, организирана во соработка со Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани. Преку архивски фотографии, портрети на легендарни музичари и оригинални ракописи на познати македонски рок-песни, изложбата раскажува приказна за музиката што оставила белег врз генерации. Дијалог помеѓу сликата, звукот и зборот – сведоштво за една култура што со децении го гради својот идентитет.
Селекторот на фестивалот, Благојче Трајковски, истакна дека годинашната програма е резултат на внимателен избор. Секој настап носи своја приказна и посебна причина да биде дел од програмата – преку промоција на нови материјали, различни музички пристапи и оддавање почит на уметници што оставиле значаен белег во македонската музика.
Утре, на 26 ноември на Фестивалот ќе настапат македонскиот гитарист и композитор Јован Милошевски, кој живее и работи во Шпанија, и битолскиот бенд CODE 369.
Македонскиот гитарист и композитор кој ни доаѓа од Шпанија ја поврзува класичната гитара со балканските мелодии. Неговите аранжмани им даваат нова боја на традиционалните напеви, зачувувајќи ја нивната изворна емоција. Битолскиот бенд носи современ авторски звук и силна сценска енергија. Со препознатлива рок основа, збогатена со фанк, џез и класични инструментални елементи, бендот создава звук што се движи меѓу алтернативниот рок и современата поп и рок музика. По гитарските приказни на Јован Милошевски, CODE 369 ќе и дадат поинаков ритам на фестивалската вечер.
Жанета Ристевска
Фото: Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1794054359100049&set=pcb.1794056615766490











