Александар Видоевски, еден од врвните шефови во македонското кулинарство, гостува во ресторан „Бистра“ во Маврово.
Со повеќе од деценија искуство како шеф на ресторанот на хотел “Епинал“, одлично ја познава грчката, турската и италијанската кујна, а македонските традиционални рецепти сака да ги приготвува на модерен начин.
Александар се специјализирал од светски прочуени тренери кои поседуваат “Мишелин звезда“ за готвење морска храна, пилешко и тестенини.
Во сабота (9 февруари), од 16-19 часот, тој ја презема кујната во хотел “Бистра“ и ќе зготви 5 оброци за вас!
Цена на мени: 1.000 денари
Резервации на тел: +389 42 388 384






