Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: со “мерцедес“ повреден пешак на Булевар “1-ви Мај“

На 04.02.2019 година во 21.40 часот на булевар „1-ви Мај“ во Битола, В.Т. (43) од Битола, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.Н. (27) од Битола.

Од ударот Е.Н. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинск помош била пренесена во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.