Press "Enter" to skip to content

Здружението на сточари “Орлови бари“ во подрачното министерство на средба со раководителот Методија Илиевски

Денеска, во кабинетот на раководителот на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во подрачна единица во Битола се одржа средба со претставници на здружението на сточари “Орлови бари“ од Битола.

Претседателот на здружението на сточари “Орлови бари“- Никола Георгиев и членови на здружението, разговараа со раководителот Методија Илиевски, за проблемите со кои се соочуваат во сточарството и за идните планови на здружението.

Претходно Илиевски вакви средби имаше со претставници на производителите на тутун и мед.