Press "Enter" to skip to content

Преку форуми, три проекти, Пелагонискиот регион ќе му предложи на донаторот (фотогалерија)

Целта на форумите е идентификација на проектни идеи за Грантовата шема, финансирана во рамки на проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој.Денес во хотелот “Милениум“ се одржа првиот форум од четирите регионални форуми за идентификација на проектните идеи, за грантовата шема која е дел од проектот “Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“, а ќе се реализира преку Центарот за развој на Пелагонискиот регион.Од четирите форуми ќе се одберат три квалитетни проекти, а тие ќе му се понудат на донаторот, Швајцарската агенција за соработка и развој SDC.Проектите кои ќе се изберат, ќе му се предадат на донаторот, а оној кој ќе биде избран од страна на  донаторот ќе се реализира во крајот на 2019 година.Директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште во Битола, Гого Видимче за оваа прва сесија на отворањето рече:-На овие регионални форуми на претставниците од јавниот, невладиниот и бизнис секторот ќе им се овозможи партиципативен и транспарентен процес на работа со што ќе им се пружи шанса да предложат и изберат проект во износ од околу 80.000 евра кој треба да ги исполнува критериумите и барањата на донаторот и нормално одговара на потребите на регионот. Согласно насоките од грантовата шема области на интервеции се: туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија. Откако ќе се идентифицира и изработи квалитетен регионален проект  согласно насоките ќе се аплицира до донаторот и по неговото одобрување.  Сакам да изразам надеж дека активното учество на граѓанскиот сектор ќе стане пракса во носењето на одлуки во Пелагонискиот регион.Овој проект финансиски е поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска Агенција за развој и соработка (SDC). Проектот кој ќе биде избран и реализиран ќе придонесе кон развиеноста и за рамномерниот  развој на регионот, кон го застапува Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Покрај донаторот Швајцарската агенција за соработка и развој SDC, овој проект поддржан од Министерството за локална самоуправа.

More from ВестиMore posts in Вести »