Press "Enter" to skip to content

Мистериозно срце обликувано од камен на ридот над “Кркардаш“ (фото)

Необична градба на срца обликувано од камен се  наоѓа на врвот на ридот над манастирот “Кркардаш“ кое го фотографиравме. Срцето од камен се забележува од малата висорамните која се наоѓа на повисокиот рид, кај манастирот “Св. Михаил Архангел“.

Имено, глетката е фасцинанта, срце со пречник од околу десетина  метри е обликувано со камења, а во централниот дел има засадено млади дрвја, до него има контури за второ, а на триесетина метри може да се забележи и ископан круг со поголем пречник.Градителот не го откриваме, но тој се уште го доработува и второто срце, за кое веќе се назираар контурите, а во блиска иднина и ќе поразговараме со него. Секако ќе го откриеме за да му дадеме прилика  да ни ја објасни идејата и мотивот, кој сигурно е многу голем, заради кој се одлучил да започне да го прави каменото срце.

Сигурно и е поттикнат од многу други слични градби кои се прават низ целиот свет и се атракција и Битола го доби својот “Stonehenge“ над Кркардаш, каде за брзо ќе има две срца  кои ќе симбололизираат љубов.Можеме да претпоставуваме дека необиќната камена градба ја прават двајца вљубени. Но додека нагаѓаме веќе се дообликува и другото и  можеби од како ќе ја заврши градбата и ќе се  јави имагинативниот “градител“.

Очекувајте ексклузивни снимки од дрон кога целосно ќе биде направено и другото срце.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »