Во хотелот “Епинал“ се одржа работен состанок на Регионалната комора Битола и Регионалната комора Прилеп на која учествиваа компаниите од Пелагонискиот регион со една единствена широкоопфатна тема, “Актуелни состојби во стопанството, тековни проблеми во работењето и перспективи за развој на компаниите од Пелагонискиот регион“.
Во својство на домаќин пристунитре ги поздрави претседателот на Регионалната комора од Битола, Мирко Велковски, кој го истакна задоволството и значењето на оваа средба во контектст на унапредување на економијата во регионот.
Делегацијата на стопанстевници од Прилеп ја предводеше претседателот на Регионалната комора од Прилеп, Ирена Јакимовска, која потенцираше дека овој вид на работни состаноци е да се чуе и гласот на реалниот сектор.
Како гостин на средбата беше присутен и Оливер Вучиниќ, Управник на Царинарница Битола, кој ја истакна добрата соработка и спремноста на царинската управа за унапредување на извозното работење на компаниите.
По однос на содржините и темите беа дискутирани на средбата, се донесоа соодветни заклучоци за понатамошни активности а како примарни и итни се потенцираа: итно решавање на патната ифраструктура во пелагонискиот регион од која зависат и понатамошните вложувања во економијата и компаниите и нивниот раст и донесување на соодветна образовна програма за постепено решавање на се поголемиот недостаток на квалификувана работна сила.
На средбата беа присутни околу 50-тина компании од пелагонискот регион кои меѓусебно ги разменија своите видувања и мислења.
Никола Димковски

Во Битола регионалните комори на Битола и Прилеп на заедничка средба (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)





