ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со мини изложба на “Trash Fashion“ модели во еко-куќичката на ЈП “Комуналец“- “Биди шик и cool…“ – Не фрлај, креирај и рециклирај!“
Модната еко ревија “Trash fashion“ есен зима која ја организираа новинарите истражувачи за мода од новинарската редакција во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ наиде на голем интерес, заради тоа тие добија покана од ЈП “Комуналец“ да ги изложат своите модели во еко-куќичката која е вклучена во проект за развивање на еколошката свест меѓу младите.
-Креативноста нашите модни дизајнерки ја изразија на хамер хартија и стиропол и изработија модели и модни додатоци од рециклирачки, реупотревбливи материјали и тоа: тетрапак, најлони, хартија од списанија весници, украсна и обична алуминиумска фолија, пластика, лименки кои прераснаа во интересни шик модели. Покрај моделите од претходната trash fashion есен зима 2018/19 година се претставија и неколку нови модели за пролет 2019 година. Голема подршка имаме од директорот на училиштето Душко Костовски, при реализирање на нашите идеи кои се многубројни бидејќи нашите млади новинари се многу активни истражуваат за мода, дизајнираат, изработуваат, пишуваат постови и снимаат видео спотови од овој проект “Trash fashion“, ни кажа менторот на новинарската редакција Жанета Ристевска.
Во овој проект се вклучени учениците Емилија Пецаковска и Марија Сервини уредници во редакцијата кои дизјнираат модели. Ангела Плушковска и Алексис Докстатер дизајнерки. Моделите ги презентираа ученичките Александра Стојановска, Христина Сервини, Ема Апчевска, Јована Котевска, Марио Димовски и Лука Петровски. При тоа тие ширеа и пораки за заштита на животната средина “Биди шик и cool…“ – не фрлај, рециклирај и креирај.
Наша цел е да докажеме дека младите можат да бидат креативни и да изгледаат модерно и атрактивно, а при тоа и да ја покажат својата високо развиенa свест за заштита на животната средина.
Дрвените зидови на еко куќичката не се повеќе здодевни бидејќи на нив се прицврстени изработките од рециклирани материјали преку кои и ја шириме најголемата и силна порака: Да ја заштитиме нашата планета Земја. Се надеваме дека овие модели ќе ги видиме на модна ревија пролет/лето 2019. Сите ние имаме безброј идеи во овој проект “Trash fash“. Покрај модна ревија во иднина би сакале да снимиме и спот на оваа тема која би сакале да ја реализираме со нашиот ментор.
И за крај, “Биди шик и cool…“ – не фрлај, креирај и рециклирај!“
Емилија Пецаковска, Марија Сервини






