Денес во хотел “Милениум“ се одржа третиот форум од серијата регионални форуми кои се реализираат во рамките на проектот ”Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC).
На истиот од страна на присутните учесници се изгласаа и рангираа три предлог концепти за приоритетни регионални проекти и тоа:
-парк за социјална инклузија,
-регионално осветлување и
-реконструкција и модернизација на НУ Завод и музеј Битола.
Согласно правилата, предлог концептите ќе бидат испратени до донаторот кој што ќе ја изврши нивната финална евалуација и селекција и од трите доставени предлози ќе избере еден регионален проект кој ќе се имплементира во Пелагонискиот регион.






