На Правниот факултет во Битола, се одржа предавање на тема: “Between Re-foundation and stagnation: the European Union in 2019” од страна на Франсоа Лафонд, советник на Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кое предизвика голем интерес кај студентите .
Темата беше „Повторното создавање или ресоздавање на Европа“, односно каква ќе биде ЕУ во 2019 година, а предавачот Франсоа Лафонд нагласи:
-Оваа година е значајна затоа што во мај 2019 година следуваат европските избори, а исто така е значајна и од аспект што во јуни е одлука за добивање на датум за почнување на преговорите со вашата држава.
Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ, за овој начин на запознавање на студентите за актуелни теми рече:
-Ваквите предавња освен што имаат големо значење за факултетите кои што функционираат во рамки на битолскиот универзитет, се од големо значење и за градот Битола ако се земе во предвид дека во Битола постои критична маса за размислување и промислување на сите оние процеси кои имаат регионален, национален и глобален карактер.






