Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Нискоградба“ ја тампонира патеката со која се крати патот во Новиот пазар

На барање на средното техничко училиште “Ѓорѓи Наумов” – Битола кон ЈП “Нискоградба” да ја тампонира патеката која води од дворот на училиштето кон новиот пазар, која жителите од реон ја користат за да го скратат патот.

ЈП “Нискоградба” излезе во пресрет на барањето и постави тампон слој со кој се олеснува движењето на учениците (и граѓаните кои го користат дворот на училиштето како шеталиште и скратен пат до новиот градски пазар) во дождливите денови.