Press "Enter" to skip to content

Викендов 6 сообраќајки во Битола, 13 возачи возеле напиени, 8 без возачка

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола викендот извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици  на 1.079 возачи и возила.

При контролата алкотестирани се вкупно 129 учесници во сообраќајот, при што кај 13 возачи откриено е присуство на алкохол и истите се  исклучени од сообраќај. При контролата, констатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 9 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност. Кај 2 возила е утврдена техничка неисправност, а на 10 возила утврдено е дека се нерегистрирани или се со измината важност сообраќајните дозволи.

9 возачи се писмено опоменати, а на 106 возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 35 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 57 видови останати прекршоци.    

На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот има случено 6 сообраќајни незгоди  во кои едно лице се здобило со телесни повреди ,а во другите шест причинета е само материјална штета.

 

More from ВестиMore posts in Вести »