Press "Enter" to skip to content

Поранешниот интернат кај “Бела Чешма“ со хорор сцени како во најстрашните филмови (фотогалерија)

Жителите од “Бела Чешма“ од зградите околу поранешниот машки интернат не замолија преку нашиот медиум, преку фотографиите, да испратиме порака до сите кои можат да го решат овој проблем, да помогнат да се тргне оваа депонија од центарот на градот и да се спречи поголема катастрофа.Утрово кога влеговме во стариот интернат кај “Бела Чешма“ како да влеговме во нова димензија, која наликува на настрашните хорор сцени од филмовите. Ако некогаш преку екранот гледавме вакви застрашувачки сцени, денес ги видовме во живот.Испаднати зидови, искршени тули, продадната скали, без покрив од кој се е однесено, трева и растенија на вториот кат, застрашувачки сцени, наркомански прибори насекаде, траги од пожар… е ликата која е во стариот интернат.-Ова сега некако се трпи, бидејќи беше зима и ладно, па немаше многу движење, но само пред некој ден пак тука започнаа да доаѓаат луге. Нам не плаши и тоа што кога ќе затопли ќе се врати старата реа кој е неподнослива. Тука живееме околу во зградите многу народ, кој од ден на ден се повеќе го вртиме погледот од оваа пропадната зграда, ни рекоа жителите од овој реон.-Сакаме да упатиме апел до надлежните да ни помогмат на сите, да се најди начин ова да се реши. Не ни е  важно кој е сопственик, сакаме ова да го нема, да се сруши, да се спсиме ние и да помогнеме да се спаси некое наше дете да не тргне по лош пат, додаваат.А, оние кои живеат тука се сеќаваат за тоа како било пред триесетина и повеќе години, кога во интернатот се влегуваше преку “тунелот“ – преминот под зградата, кој сега е затворен. А во домот се беше чисто, учениците седеа на клупите во дворот, а во зградата беше чисто, уредено, со домар со економ. -Беше бучно некогаш, бидејќи сепак тука престојуваа деца, но ги разборавме, а никогаш немавме проблеми во зградата. Посебно беше пријатно околу Илинден, кога тука беа играорците кои настапуваа на “Илинденски денови“ и тука во дворот играа, свиреа и се подготвуваа за настап, вели еден повозрасен жител, а и со јад додава:

-А гледајте сега…

More from ВестиMore posts in Вести »